Куклица, фото: Википедија

Узурпаторот од Куклица, кој фрлаше камења по даночници, кривично ќе одговара

Насилникот кој пред десетина дена фрлаше камења кон даночни контролори дојдени на локалитетот Куклица кај Кратово, доби кривична пријава, соопшти МВР.

Тој, како што претходно соопшти Обвинителството, ги гаѓал со камења даночниците и кон нивното службено возило, а тие биле принудени да избегаат без да ја извршат планираната контрола.

Локалитетот Куклица пред неколку месеци беше тема во јавноста откако туристи се пожалија дека непозната жена им наплаќа влез, без да им издаде фискална сметка. Според информациите објавени во медиумите, сега пријавениот е сопруг на жената, Стојна Димитровска Боотх, кој има британско државјанство.

„ОВР Кратово поднесе кривична пријава Е.М.Б.(41) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие”. На 16.07.2026 во с.Куклица, кратовско, пријавениот со употреба на физичка сила и тврди предмети спречувал инспектори од Управата за јавни приходи додека извршувале службени задачи“, се вели во полициското соопштение.

Насилниците што наплаќаат кај „Куклица“ воделе проекти со ЕУ и со Министерството за животна средина — ќерката била кандидатка на Бачев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот