„На Ванчо му го зедоа пасошот на граница и јас така станав актер“, зборуваше Гоце Тодоровски за својот другар
По смртта на легендарниот актер Гоце Тодоровски, јавноста повторно се навраќа на неговите најискрени телевизиски гостувања. Во едно од нив тој се сеќава на својот Ванчо Петрушевски, легендарниот актер кој почина на 25 август 2018 година на 67-годишна возраст, по несреќен случај од струен удар во неговата викендичка во Орешани.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тој беше еден од најголемите македонски актери и долгогодишен член на Драмскиот театар, а зад себе остави бројни незаборавни улоги во театарот, филмот и телевизијата.
Во емисијата „1на1“ од 2018 година, тој со големи емоции зборуваше за својот долгогодишен пријател и колега, откривајќи дека токму тој е човекот кој го насочил кон актерската професија.
„Ванчо, ете, за жал веќе не е тука, ама не е тоа причина да не се потсетиме на него, бидејќи тој е најмалку што би заслужил таков човек. Тој е виновникот затоа што јас станав актер, уметник.“
Гоце раскажа дека пресвртот се случил откако Ванчо се вратил од студиите во Софија и поради проблем со пасошот морал да се префрли на Академијата за драмски уметности во Скопје.
„Тој се враќаше прва година од Софија. На граница му го зедоа пасошот и четири години не му го вратија. Мораше да запише втора година на Академијата за глума, затоа што веќе беше отворена. А јас бев веќе втора година на Градежен факултет. Требаше да бидам инженер, тоа беше волја на татко ми, бидејќи беше воено лице и не смеевме да го одбиеме.“
Нивното пријателство започнало уште како деца и траело повеќе од половина век.
„Бидејќи бевме другари од 1962 година, тогаш се вратив во Подгорица и заедно запишавме петто одделение. Уште од тие детски денови правевме разни скечеви, настапувавме и на родителски состаноци.“
Со насмевка, но и со тага, Тодоровски откри дека со Ванчо поминале речиси цел живот заедно.
„Заедно бевме 54 години. На комеморацијата реков: повеќе бев со него отколку со самиот себе.“
На забелешката на водителот дека веројатно го познавал подобро отколку себеси, Гоце низ смеа одговори:
„Па заедно спиевме, повеќе спиев со него, него со жена ми. Во различни кревети, ама во секој случај …“
Ова искрено сведоштво останува едно од најемотивните сеќавања на Гоце Тодоровски за човекот со кого не само што ја делел сцената, туку и животот. Нивното пријателство, кое траело 54 години, било многу повеќе од колегијален однос, било братство што оставило длабока трага.
Ванчо Петрушевски беше еден од најголемите македонски актери и долгогодишен член на Драмскиот театар, а зад себе остави бројни незаборавни улоги во театарот, филмот и телевизијата.
Гпце Тодоровски почина на 75-годишна возраст, по долга борба со здравствените проблеми. Тој беше актерот кој со децении беше вистински симбол на македонскиот хумор, театар и телевизија.
Гоце Тодоровски со искрена исповед: Не можам да го прежалам заминувањето на Ванчо Петрушевски


