Нов чекор кон помирување? Кралот Чарлс ќе го угости принцот Хари во Бакингемската палата
Принцот Хари во септември повторно ќе отпатува во Велика Британија, а според пишувањето на британскиот „Сан“, кралот Чарлс планира да му понуди сместување во Бакингемската палата за време на неговиот престој во Лондон.
Препорачано
Бакингемската палата и претставниците на војводата од Сасекс не го коментираа ова тврдење за магазинот „Пипл“.
Наводната покана доаѓа само неколку недели по неодамнешната средба меѓу таткото и синот во Хајгроув хаус, на која присуствувале и Меган Маркл, принцот Арчи и принцезата Лилибет. Тоа беше прва средба на кралот со своите внуци од Калифорнија од 2022 година.
Во текот на јулската посета на Велика Британија, сместувањето на принцот Хари стана предмет на јавни несогласувања. Иако кралот првично понудил Хари и неговото семејство да престојуваат во кралска резиденција, понудата била одбиена. Подоцна, Хари сакал да ја прифати, но од палатата му било кажано дека рокот за тоа веќе поминал.
Извор близок до војводата и војвотката од Сасекс за „Пипл“ изјавил дека целата ситуација била „прилично стресна“.

Кралскиот коментатор Расел Мајерс оцени дека она што требало да биде големо семејно враќање во татковината, се претворило во „кошмар“ и уште една потврда за нарушените односи меѓу принцот Хари и британската монархија.
За време на неодамнешната посета, Хари, Меган и нивните деца престојуваа и во Алторп, семејниот имот на семејството Спенсер, каде што пораснала принцезата Дијана и каде што е погребана. Таму Арчи и Лилибет имале можност да дознаат повеќе за својата покојна баба.
Во последните години принцот Хари неколкупати ја посетуваше Велика Британија, но поради долгогодишниот спор околу неговото полициско обезбедување, Меган и децата ретко патуваа со него. Неодамнешната семејна посета беше прва по неговата изјава дека не може да замисли повторно да ги донесе своите деца во татковината без соодветна безбедносна заштита.
Принцот Хари повторно ќе биде во Велика Британија и во 2027 година, кога во Бирмингем ќе се одржат игрите „Инвиктус“.
Принцот Хари: Новинари на таблоидот „Сан“ ја прислушкуваа мајка ми


