Принцот Хари: Новинари на таблоидот „Сан“ ја прислушкуваа мајка ми

Фото: EPA/Profimedia

Војводата од Сасекс, принцот Хари денеска изјави дека издавачот на британскиот таблоид „Сан“ незаконски прислушкувал повици од неговата мајка, принцезата Дијана и неговиот татко, кралот Чарлс Трети.

Принцот Хари побара од судијата на Високиот суд да додаде нови наводи на постоечката тужба против издавачот „Њуз груп њузпејперс“, откако се појавија нови докази од материјалот обезбеден од страна на медиумскиот конгломерат Руперт Мардок, рече адвокатот на принцот, Дејвид Шерборн, а пренесе „Асошијетед прес“.

Во додатокот на жалбата пишува дека принцезата Дијана се сомневала дека ја следат и прислушуваат, а адвокатот изјави дека прислушуваните повици на Дајана и Чарлс неминовно откривале приватни информации за тогаш деветгодишниот Хари.

„Весникот на обвинетиот ја опиша загриженоста на неговата мајка како ‘параноични заблуди’, иако е точно дека таа била под строг надзор и дека нејзините повици биле незаконски прислушкувани“, рече Шерборн.

Тој изјави дека новинарите и директорите на тој медиум знаеле за прислушувањето, додека во соопштението на „Њуз груп њузпејперс“ овие изјави се оценети како „неоправдани заклучоци во подмолен и циничен напад“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот