Владимир Четкар / Фото: Фејсбук/Владимир Четкар

„Аромата го штипе носот и ги солзи очите“: Четкар со нова снимка за мистериозниот „господин Сератор“

Музичарот Владимир Четкар повторно објави иронично видео посветено на мистериозниот „господин Сератор“, човек за кого и претходно снимаше сатирични видеа инспирирани од неговите необични постапки во Холандскиот парк во Охрид.

Во најновото видео, Четкар со препознатлив хумористичен стил го претставува „Сераторот“ како „македонскиот Бенкси“, алудирајќи дека тој повторно се вратил во паркот со, како што вели, ново „уметничко дело“.

„Дами и господа, радувајте се, бидејќи македонскиот Бенкси, алијас господин Сератор, повторно се врати во Холандскиот парк во Охрид.

Овојпат со ново ремек-дело, кое е јасна критика кон сите оние кои не ѝ се благодарни на мајката природа. Имено, тоа ремек-дело, кое патем можете да го видите кај ова дрво позади мене, е овојпат амплифицирано со семки од пиперки кои на еден луциден и генијален начин претставуваат еден немузички реквием кон пиперките кои господинот Сератор претходно ги јадел.

Имено, тој нив ги жали, бидејќи тие му даваат живот, а тој ним смрт. Исто така, и ароматерапијата овојпат е доста поинаква, поостра, што би рекле Англичаните ‘tangy’ и ‘zesty’, што го штипка носот и ги солзи очите, толку многу што дури и мувите не смеат да му се приближат.

Бидејќи господинот Сератор делува исклучиво фантомски, се надевам дека и вие фантомски ќе успеете да го сликате. Повторувам, неговото омилено место за работа е кај овие дрвја тука веднаш, непосредно до паркчето за вежбање во Холандскиот парк во Охрид. Ве поздравувам!“, вели Четкар во видеото.


Пред еден месец, Четкар ги пронајде виновниците кои го загадуваат Холандскиот парк во Охрид, откако претходно јавно покажа измет во реновираниот простор на Охридскиот кеј.

Во видеото, тој директно им се обрати на локалните власти со барање за итна реакција и поставување на видеонадзор за да им се застане на патот на овие појави.

„Здраво. Господинот ‘Сератор’ повторно се врати тука во Холандскиот парк и го направи своето ремек-дело.

Покрај ароматерапијата, во која сите заедно уживаме, и разиграните муви кои ја развеселуваат атмосферата, идеална за пикник и слични активности, би се обратил до одговорните да постават камери за овие засега непознати херои – да станат познати и да бидат богато наградени. Хахаха!“, објави Четкар.

ВИДЕО | Измет во реновираниот Холандски парк во Охрид — музичарот Четкар алармира да се постават камери

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот