Леброн Џејмс/Los Angeles Lakers

Леброн ќе игра за Филаделфија, а ке живее во друг град и ќе патува со хеликоптер

Еден од најдобрите кошаркари во историјата, Леброн Џејмс, кариерата ќе ја продолжи во редовите на Филаделфија, откако потпиша двегодишен договор.

Интересно е што, и покрај преселбата во Филаделфија, Леброн нема да живее во градот на својот нов тим. Според американскиот новинар Брајан Виндхорст, искусниот кошаркар најголемиот дел од времето ќе престојува во Њујорк.

Оддалеченоста меѓу Њујорк и Филаделфија е околу час и половина со автомобил, додека со хеликоптер патувањето трае помалку од 45 минути. Токму тоа ќе му овозможи без поголеми потешкотии да го усогласи приватниот живот во Њујорк со настапите за Филаделфија.

Во својата богата кариера, Џејмс освои четири шампионски титули во НБА-лигата, две со Мајами, една со Кливленд и една со Лејкерс, а важи за еден од најуспешните и највлијателни кошаркари на сите времиња.

Според достапните информации, во редовите на Филаделфија ќе заработува нешто повеќе од три милиони долари по сезона.

Никој во историјата на НБА не заработил повеќе од Леброн

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот