Дојранско Езеро / фото: архива

Дојранското Езеро одново се полни со вода од хидросистемот „Ѓавато“

Дојранското Езеро повторно се полни со вода од пумпите на хидросистемот „Ѓавато“ во Богданци и дотурот на вода во езерото ќе продолжи без застој.

Од Хидросистемот велат дека во моментот во езерото се влеваат 200 литри вода во секунда, а во текот на денот или утре ќе се пушти дополнителна количина.

– Водата се пушти во саботата, бевме на терен и проверивме дали сè е во ред. Попатно немаме загуби на вода, браната Паљурци е полна, така што нема потреба таму да се полни. Имаше еден вентил со кој долевавме вода во браната, и тој се санираше, така што сега е во ред. Ни беа потребни 20 часа за да го наполниме цевководот, бидејќи беше празен со оглед на тоа што 6 месеци не работеше системот. Обично по прекин на работата во период од 10 до 15 дена, побрзо се полни цевководот, но сега се работеше за подолг период и затоа беше потребно повеќе време – велат од Хидросистемот „Ѓавато“.

Оттаму додаваат дека август и септември се месеците кои низ годините наназад биле најкритични за Дојранското Езеро, бидејќи тогаш се случуваат најголеми испарувања поради високите температури и отсуството на врнежи.

Според последните информации од Управата за хидрометеоролошки работи, моменталното ниво на езерото изнесува 145,26 метри надморска височина, а договорениот минимум е 146,13.

Ако не проработи системот за полнење и нема врнежи, на Дојранското Езеро повторно му се заканува еколошка катастрофа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот