ФОТО | Бизарни објави со помош на вештачка интелигенција — Трамп исмева критичари, промовира кандидатура во 2028 и го „спасува“ Џорџ Вашингтон
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера предизвика коментари со загриженост за здравјето, откако на неговата социјална мрежа објави низа слики генерирани од вештачка интелигенција, од кои повеќето беа насочени кон критичарите. Тој му се закануваше на Иран и објави фотографии на кои позира со поранешните претседатели Џон Ф. Кенеди и Џорџ Вашингтон, пишува „Форбс“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во серијата објави на претседателот Трамп повторно се споменува неговото кандидирање во 2028 година, и покрај тоа што Уставот на САД тоа експлицитно го ограничува.
Помеѓу 11:16 часот и 17:16 часот по источно време во неделата, претседателот објави 43 слики на „Трут сошл“, од кои повеќето изгледаа како карикатури или длабоки фејкови генерирани од вештачка интелигенција.
Серијата објави започна со објава на која новинарката на Си-ен-ен, Кејтлан Колинс, е прикажана како транс-ѕвездата на социјалните медиуми, Дилан Мувани, повторувајќи го коментарот што претседателот го даде за време на вечерата на дописниците од Белата куќа.
Потоа претседателот сподели цртани филмови генерирани од вештачка интелигенција, исмејувајќи ги истакнатите критичари како Брус Спрингстин, поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи и Роузи О’Донел.
Друга објава ги прикажуваше водителите на ноќни ток-шоуа Џими Кимел, Стивен Колберт и Џими Фалон како банкротирани, невработени и просат за пари, иако емисиите и на Кимел и на Фалон сè уште се емитуваат.
Трамп потоа објави низа лажни слики со кои му се заканува на Иран, покажувајќи како островот Харг е бомбардиран и ирански танкери за нафта се запленети од американските сили и од самиот претседател.
Еден постер генериран од вештачка интелигенција со натпис „Америка на прво место“ го прикажува Трамп опкружен со тројца кои изгледаат како Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон и Александар Хамилтон. Друг „дип фејк“ го прикажува денешниот Трамп како стои до Џон Ф. Кенеди пред Белата куќа – без придружен наслов или контекст. Последната од 43-те објави е лажен филмски постер генериран од вештачка интелигенција насловен како „Трамп X Вашингтон“, на кој се гледа како Трамп го спасува Џорџ Вашингтон.
Една од објавите го прикажува Трамп како доктор кој покажува кон човечки ‘рбет и е проследена со наслов:
„Го гледате ли овој ‘рбет? Ова е она што сакам да го вратам кај републиканците“.
Трамп со одлично здравје пред 80-от роденден – има само отечени потколеници и модринки на рацете


