Савана Гатри со мајка си Ненси/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Морничави детали за киднапирањето на мајката на водителката Савана Гатри, откриена содржината на порака што ја замрзнува крвта

Истрагата за исчезнувањето на Ненси Гатри сè уште е во тек, а американските власти ги повикуваат сите што имаат какви било информации да се јават на истражните органи.

Објавени се нови детали во случајот со исчезнувањето на Ненси Гатри, мајката на американската телевизиска водителка Савана Гатри, која исчезна кон крајот на јануари оваа година.

Како што пренесува поткастот „Зависник од криминал“ (Crime Junkie), новинарката што ги следи случаите од црната хроника, Бријана Витни, ја прочитала содржината на првата уценувачка порака што ја добило семејството по исчезнувањето на 84-годишната Ненси.

Пораката била директно упатена до Савана Гатри, а започнувала со зборовите: „Здраво, Савана. Ја имаме твојата мајка“.

Во продолжението се наведува дека Ненси е „жива, но исплашена“ и дека ќе биде ослободена дури по исплатата на откупот.

„Таа ќе биде задржана најдолго седум дена. Кога парите ќе бидат уплатени, ќе биде ослободена неповредена“, пишувало во пораката.

Според претходните информации, киднаперите барале четири милиони долари во биткоини, со рок до 5 февруари. Во случај парите да не бидат уплатени, барањето пораснало на шест милиони долари, со краен рок до 9 февруари.

Во пораката се наведува и дека Ненси ќе биде ослободена во рок од 12 часа по уплатата на претходно доставена биткоин адреса.

Меѓутоа, заканите потоа станаа уште поморничави.

„Ако уплатата не се изврши до понеделник во 17 часот, таа ќе биде убиена. Твојата мајка знае за тоа и нејзиниот живот е во твои раце. Нема да има преговори. Не си играјте. Полицијата нема да може да ви помогне“, стоело во пораката.

На крајот, киднаперите навеле детали од куќата на Ненси, вклучително и дека нејзиниот бел паметен часовник се наоѓал на подот покрај креветот и дека рефлекторот во дворот бил уништен. Истражителите веруваат дека ова се информации што би можел да ги знае само некој што бил на местото на настанот.

Сепак, Федералното истражно биро (ФБИ) сè уште ја проверува автентичноста на пораката и не потврди дека всушност ја испратило лицето одговорно за киднапирањето.

Маскиран маж

Ненси Гатри исчезна на 31 јануари од својот дом во Тусон, во американската сојузна држава Аризона. Алармот бил вклучен следното утро кога не се појавила кај пријателка за заедничко следење на неделна црковна служба преку интернет.

Истражителите веруваат дека била киднапирана во раните утрински часови од маскиран маж кој го снимиле надзорните камери додека се обидувал да манипулира со камерата на влезната врата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Savannah Guthrie (@savannahguthrie)

Савана на 10 фесвруари на својот инстаграм-профил објави и четирите фотографии од наводниот киднапер од Ринг-камерата во домот на Ненси.

Дополнителна вознемиреност предизвикала друга порака што во јуни му пристигнала на семејството и некои медиуми, а во која се тврдело дека Ненси починала. Во таа порака не барале пари, ниту биле понудени информации за тоа каде се наоѓа нејзиното тело.

Савана Гатри тогаш упати емотивен апел до јавноста во програмата во живо.

„Ги молам сите што знаат што било да се јават. Некој сигурно знае нешто. Ова не е само вест – ова е нашето секојдневие. Мојата сестра, брат, нашите деца и целото семејство живеат во агонија – рекла водителката.

Таа додала дека секој ден се обидува да најде сила и покрај огромната болка.

„Плачам секое утро на патот кон работа и секој ден кога се враќам дома. Но, се труда, да бидам силна поради моите деца и семејството“, рекла Савана.

Истрагата за исчезнувањето на Ненси Гатри е сè уште во тек, а американските власти ги повикуваат сите што имаат какви било информации да ги контактираат истражните органи.

Исчезна мајката на позната американска водителка, полицијата се сомнева дека е киднапирана

ВИДЕО | Савана Гатри го даде првото интервју по исчезнувањето на мајка ѝ: „Го замислувам ужасот низ кој поминува“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот