Фото: ФК Вардар

ФОТО | Вардар тренираше во Рига, каде што утре оди по победа за продолжување на европскиот пат

Фудбалерите на Вардар утре ќе го одиграат реваншот против Рига во рамките на второто квалификациско коло, со јасна цел да ја анулираат негативата од 3:2 од првиот натпревар во Скопје и да обезбедат пласман во следната рунда.

„Црвено-црните“ минатата недела прикажаа добра игра и беа рамноправен ривал на летонскиот претставник, но неколку грешки ги чинеа пораз. По средбата, тренерот Кристијан Фабијани оцени дека неговиот тим скапо ги платил сопствените пропусти, изразувајќи уверување дека тие нема да се повторат на реваншот.

Во пресрет на натпреварот, вардарци денеска го одржаа последниот тренинг на стадионот каде што утре ќе се одигра дуелот. Вардар ќе брка победа што ќе му донесе место во третото квалификациско коло за Конференциска лига, а почетокот на натпреварот е закажан за 19:00 часот.

Фото: ФК Вардар
Фото: ФК Вардар
Фото: ФК Вардар
Фото: ФК Вардар
Фото: ФК Вардар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот