Eмилијано Мартинез/EPA/PETER POWELL

Англичаните смислија ново правило со кое ќе стават крај на „крадењето“ време на голманите

Англискиот фудбал подготвува воведување на ново правило со кое сака да стави крај на таканаречените „тактички тајм-аути“ и злоупотребата на медицинските паузи од страна на голманите.

Според предложените насоки, доколку главниот судија дозволи медицинскиот тим да влезе на теренот за да му укаже помош на голманот, тренерот на таа екипа ќе има само 10 секунди да одреди еден играч од полето кој привремено ќе го напушти натпреварот.

Избраниот фудбалер ќе мора да остане надвор од теренот една минута, што значи дека неговиот тим во тој период ќе игра со играч помалку додека голманот добива лекарска помош.

Новото правило предвидува и санкции доколку тренерот не постапи во предвидениот рок. Ако во рок од 10 секунди не биде именуван играчот што треба да излезе, тогаш капитенот на екипата автоматски ќе биде исклучен од игра во траење од една минута.

Со оваа мерка англиските фудбалски власти сакаат да ја спречат сè почестата пракса голманите без сериозна повреда да легнуваат на тревникот во моменти кога противникот има иницијатива. На тој начин тренерите добиваат можност да одржат краток состанок со играчите, да дадат дополнителни тактички инструкции и да го прекинат ритамот на противничката екипа.

Целта на предложените измени е да се зачува континуитетот на играта, да се намали симулирањето повреди и да се спречи тактичката злоупотреба на медицинските интервенции за време на натпреварите.

Следното Светско првенство можеби ќе се гледа на „Нетфликс“ и на „Јутјуб“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот