Комплетиран е трансферот на Чурлинов, со новиот клуб потпиша договор на две години

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов и официјално е нов фудбалер на полскиот Погон Шчечин, откако клубот денеска го потврди неговиот ангажман.

Трансферот доби неочекуван пресврт, бидејќи Чурлинов претходно беше на чекор од потпис со Видзев Лоџ и според полските медиуми веќе имаше постигнат вербален договор со тој клуб. Сепак, во последен момент Погон испрати подобра понуда и успеа да го обезбеди неговиот потпис.

„Дарко Чурлинов му се приклучи на Погон Шчечин. Македонскиот репрезентативец потпиша двегодишен договор со клубот, со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона“, соопшти полскиот прволигаш.

Од Погон потсетија дека Чурлинов не е непознато име за полската фудбалска јавност, бидејќи претходно успешно настапуваше за Јагелонија, каде што остави одличен впечаток.

Во новиот клуб македонскиот офанзивец ќе настапува со дресот со број 21 и ќе се обиде повторно да ги потврди своите квалитети во полското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот