Струга / фото: Eduart Visha / Google Maps

Струга најде чаре да му парира на Охрид — сите кафеани и барови ќе работат подолго, изгласа општинскиот совет

За претстојниот празничен продолжен викенд, угостителските објекти ќе можат да работат до три часот по полноќ

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе им биде продолжено за два часа. Оваа одлука ја донесе Советот на Општината со цел поддршка на туристичката сезона и локалната економија.

Според новата одлука, за време на викендите и кога има јавни манифестации, кафулињата и рестораните наместо до еден часот, ќе работат до два по полноќ.

За претстојниот празничен продолжен викенд, на 1, 2 и 3 август, работното време ќе биде до три часот по полноќ.

Од Општина Струга информираат дека вакво едночасовно продолжување е предвидено и за неколку специфични датуми до крајот на годината, вклучувајќи и празнични денови во септември, октомври, ноември и декември.

Целта, според локалните власти, е „непречено да се одржуваат културните и туристичките манифестации кои го афирмираат градот, притоа балансирајќи меѓу развојот на туризмот и интересот на граѓаните“.

ФОТО | Туристите се паркираат во шума поради поскапениот паркинг на плажите во Охрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот