Бруклин Бекам и Никола Пелц/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Додека во Франција беснеат пожари, Бруклин Бекам и Никола пристигнаа во Ница — Викторија и Дејвид летуваат во Шпанија

Бруклин Бекам и неговата сопруга Никола Пелц слетале на југот на Франција на одмор, и покрај разорните пожари што сè уште беснеат таму. Двојката, која се венча во 2022 година, била забележана на аеродромот во Ница каде што кумот на Бруклин, британскиот музичар Елтон Џон, има вила. Истовремено, родителите на Бруклин, Дејвид и Викторија Бекам, одмораат на јахта на Ибица, Шпанија.

Дејвид Бекам фотографиран во Шпанија / Фото: Скриншот, X / @kumoriRaver

Британски „Мирор“ пишува дека повеќе од 300.000 луѓе се евакуирани од своите домови поради пожарите во Франција и Шпанија, додека пожарникарите со денови се обидуваат да го стават пожарот под контрола. Сепак, се чини дека тоа не ги вознемирува премногу Дејвид Бекам и неговиот 23-годишен син Ромео, кои беа фотографирани во опуштено издание на јахтата, а на која се присутни и Викторија и партнерката на Ромео, Ким.

На фотографиите пак, што ги објави британски „Сан“, Бруклин е виден како турка по еден куфер во секоја рака низ аеродромот, додека Никола носела голема чанта „Шанел“.

– Тој изгледаше малку нервозен и постојано се вртеше околу себе, додека таа изгледаше поопуштено и посмирено. Многумина ги препознаа и меѓусебно се туркаа додека поминуваа низ терминалот за пристигнувања со багажот – изјавил еден патник за „Сан“.

Никола подоцна сподели фотографија од цвеќиња облеани со сончева светлина на Инстаграм.

Пристигнувањето на Бруклин и Никола во Ница се совпадна со големите шумски пожари што беснеат низ Европа, а делови од Франција се меѓу најтешко погодените. Според пишувањето на „Скај њуз“, стотици куќи се уништени, а жителите на местото Ле Барп, во близина на Бордо, се евакуирани. Капетанот на противпожарната служба Николас Браз објасни дека пожарот станал толку „непредвидлив и неконтролиран“ што создава свои ветрови, па дури и вртлози. Многу европски земји испратија помош во Франција.

220 илјади евакуирани од југозападна Франција не смеат да се вратат дома додека беснее пожарот

Го игнорира Дејвид Бекам, а го нарекува „најдобар“ таткото на сопругата – Бруклин го заострува семејниот раскол

Дејвид Бекам не се откажува од синот Бруклин: „Да се ​​биде татко е мојата најважна работа“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот