Азер Омерагиќ/ФК Вардар

Омерагиќ: Ништо не е готово, ќе се бориме на терен и ќе играме за боите на Вардар

Вардар утре ќе го одигра реваншот против Рига во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА, а капитенот Азер Омерагиќ верува дека неговиот тим сè уште има реални шанси да избори пласман во следната рунда.

„Црвено-црните“ во првиот натпревар во Скопје беа поразени со 3:2, но минималната негатива остава простор за оптимизам пред гостувањето во Летонија. Во пресрет на натпреварот, Омерагиќ порача дека ништо не е решено и дека Вардар ќе даде сè од себе за да дојде до посакуваниот резултат.

„По натпреварот во Скопје, ни следи реваншот во Рига. Ништо не е готово затоа што ни следи второ полувреме со ривалот. Ќе се бориме на терен, ќе играме за дресот и боите на Вардар, сакаме добро европско издание. Ако функционираме добро тактички и без грешки и ако ги следиме советите на тренерот од тренинзите, можеме до позитивен резултат за нас во Рига“, изјави Омерагиќ.

Реваншот меѓу Рига и Вардар е закажан за вторник со почеток од 19:00 часот, а македонскиот претставник ќе се обиде да ја анулира негативата од првиот дуел и да обезбеди место во следната фаза од натпреварувањето.

Фабијани: Утре мораме да играме трпеливо и тактички да бидеме перфектни

ФОТО | Вардар тренираше во Рига, каде што утре оди по победа за продолжување на европскиот пат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот