Фабијани: Утре мораме да играме трпеливо и тактички да бидеме перфектни
Фудбалерите на Вардар ги привршуваат подготовките за реваншот против Рига во второто квалификациско коло од европските натпреварувања. „Црвено-црните“ денеска го одржаа и последниот тренинг на стадионот каде што утре ќе се обидат да ја надоместат негативата од 3:2 од првиот натпревар во Скопје.
Препорачано
Пред дуелот, тренерот Кристијан Фабијани порача дека неговиот тим ќе мора да одигра дисциплинирано и да ги сведе грешките на минимум доколку сака да избори поволен резултат и пласман во следната рунда.
Ни следи нов европски натпревар за оваа сезона. Тактички мора уште повеќе да се подобриме од претходните мечеви, да ги намалиме грешките, а притисокот ќе биде повеќе врз домаќинот Рига. Мора да играме трпеливо, тактички да бидеме перфектни и со намалени грешки во сите линии. Сите играчи кои допатуваа со нас ќе конкурираат за игра, ги немаме во тимот само Хоакин Торес и Бобан Николов. Го имаме официјалниот тренинг за финални подготовки за мечот“, изјави тренерот Кристијан Фабијани.
Вардар во Летонија отпатува со цел да се обиде да направи пресврт против Рига, а почетокот на натпреварот е закажан за 19:00 часот.
ФОТО | Вардар тренираше во Рига, каде што утре оди по победа за продолжување на европскиот пат


