Просениково, Струмичко / фото: Wikipedia / Тиверополник / CC BY-SA 4.0

Насилници од соседно село грабале девојка од куќа во Струмичко, тепале цело семејство со деца

Еден од шестемина уапсени напаѓачи им се нафрлил и на полицајците кои дошле да интервенираат во струмичкото село Сарај

Тежок инцидент забележала полицијата во струмичкото село Сарај, каде шестмина насилници од соседното Просениково упаднале во куќа со осумчлено семејство и ги нападнале домашните, меѓу кои имало и две деца. Двајца од насилниците тогаш се обиделе и да грабнат девојка од куќата и да ја однесат. Друг напаѓач, пак, им се нафрлил и на полицајците кои дошле да интервенираат, соопшти МВР.

Кривична пријава добиле „Б.Д.(22), Т.Ј.(49), С.Д.(47), В.М.(36), Г.Т.(42) и М.Т.(21), сите од село Просениково, Струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, против Т.Ј. и Г.Т. поради сомнение дека сториле и кривично дело „противправно лишување од слобода“, против Б.Д. поради постоење на сомневање дека сторил и кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста““, велат од полицијата.

Покрај напаѓачите, ќе одговара и домаќинот на куќата, кој излегол на терасата и испукал два куршума во воздух со ловечка пушка, во обид да алармира за нападот.

„Пријавените, на 24.07.2026 околу 21:20 часот насилно влегле во домот на К.Ѓ. во село Сарај, Струмичко и физички ги нападнале К.Ѓ., З.Ѓ., Р.Ѓ., В.Ѓ., Б.М., Б.Ѓ. и две малолетни лица, при што им нанеле повреди на телото, а во еден момент Т.Ј. и Г.Т. се обиделе против нејзина волја да ја земат Р.Ѓ. со нив. Б.Д., исто така агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои презеле службени дејствија за расчистување на случајот, при што физички нападнал и двајца од нив. Лицата се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. За време на настанот К.Ѓ. излегол на терасата од куќата и со ловечка пушка испукал два куршуми во воздух, па по документирање и на овој настан против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во полициското соопштение.

Почина 16-годишно момче од Скопско, без свест било примено на клиника

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот