Возило на брза помош / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил

Од тетовскиот Клинички центар во Секторот за внатрешни работи – Тетово синоќа во 20:30 часот било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 27-годишниот М.З. од овој град.

– Во разговор со полициски службеници, тој изјавил дека околу 19 часот во нивниот двор, неговиот чичко С.З., на возраст од 61 година од Тетово, ненамерно го прегазил на ногата со патничко возило, што го управувал наназад, при што се здобил со повредите. М.З. побарал да не се поднесува пријава затоа што било несреќен случај, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму додадоа дека полициски службеници излегле на местото на инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот