Илустрација за семејно насилство / Фото: Profimedia

Во Охрид притворен словенечки државјанин поради физичко насилство врз неговата девојка

Охридскиот суд му одреди притвор на словенечки државјанин кој ја нападнал неговата девојката за време на престој во Охрид.

Како што соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи, вчера пред казино во градот, полициски службеници од СВР – Охрид го лишиле од слобода К.Г., на возраст од 28 години од Словенија. Тие постапиле по претходна пријава дека во станот во кој престојувале во Охрид, тој агресивно се однесувал и физички ја нападнал неговата 21-годишна девојка.

– Од Основен суд – Охрид му била определена мерка притвор во траење од осум дена и бил спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор – Охрид“ за издржување на мерката – информираа од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот