Гоце Тодоровски - Портрет - Фото: Драмски Театар

Ќерката на Гоце Тодоровски сподели детали за неговото испраќање утре

Сашенка Тодоровска, ќерката на легендарниот актер Гоце Тодоровски сподели детали за погребот кој ќе се одржи утре.

По веста за смртта на легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски, неговата ќерка Сашенка Тодоровска се огласи на социјалните мрежи со емотивна порака, во која откри и детали за последното испраќање на својот татко.

„Беспрекорен до последниот здив, како што само ти умееше. Замина во легендите, а мене ми остави да ја носам тежината на оваа празнина што гори.

Утре во Бутел ќе го даваме последното збогум: капела во 13.00 и погреб во 14.00 часот.

Нека ти е светол небесниот пат, татко мој, таму каде што болката повеќе не постои“, напиша Сашенка.

Фото: Скриншот

Со овие зборови таа ја сподели болката по загубата на својот татко, но и ги извести сите што сакаат да му оддадат последна почит дека погребот ќе се одржи утре на градските гробишта Бутел, во капелата од 13 часот, а погребната церемонија ќе започне во 14 часот.

Гоце Тодоровски почина на 75-годишна возраст, оставајќи зад себе богато актерско наследство. Публиката ќе го памети по десетиците театарски, филмски и телевизиски улоги, а особено по незаборавните ликови во „Македонски народни приказни“, со кои израснаа генерации гледачи. Неговата смрт предизвика бројни реакции од колеги, пријатели и почитувачи, кои се простуваат од еден од најголемите македонски актери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот