Фото: Јутјуб / Ројтерс / скриншот

ВИДЕО | Дунав е на рекордно низок водостој, исплива товарен брод потонат пред 90 години

Во цела централна и источна Европа каде што тече, реката Дунав деновиве е на рекордно низок водостој, јавува „Ројтерс“. Поради ова, во Хрватска во реката се открил товарен број кој потонал во далечната 1937 година.

Станува збор за унгарскиот брод „Фултон“, кој превезувал 50 вагони јаглен во Нови Сад.

Дунав поминува низ десет земји: Германија, Австрија, Словачка, Унгарија, Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Молдавија и Украина. Од средината на јули, реката на одредени делови личи на бара, а на места и на пустина. Долготрајната суша и високите температури во последниве денови предизвикаа вонрецно ниски вредности во поголемиот дел од сливот. Најпогодени се северот на Србија, Хрватска, Унгарија и Романија.

Според хидролозите, нискиот водостој на реката се должи на слабите врнежи пролетта, во март, април и мај.

ВИДЕО | Силно невреме на Халкидики – туристите гледаа торнадо како им се приближува

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот