ВИДЕО | Не сака да оди во пензија — на 80 години сè уште работи во најстариот салон за убавина во Бејрут
Една емотивна приказна од Бејрут деновиве го привлече вниманието на јавноста и покажа колку малите гестови можат да направат голема разлика.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Фризерот Елијас, кого локалните жители од милост го нарекуваат „чичко Елијас“, веќе речиси 60 години работи во својот мал фризерски салон во населбата Аин Ел Ремане, на улицата „Пјер гемајел“ во Бејрут.
Низ децениите низ неговиот салон поминале генерации клиенти, а тој станал препознатливо лице во соседството. Но, поради сè повисоките трошоци за водење мал бизнис, опстанокот на неговиот салон бил доведен во прашање.
Сè се променило кога креаторката на содржини на „Тикток“, Татијана Антун, објавила видео за него. Нејзината приказна брзо станала вирална, а видеата собрале повеќе од 10 милиони прегледи.
@tatianaa.antounThe location has been posted on my page♬ original sound – jihoonmp3
По објавата, голем број жени од Либан почнале да ги повикуваат сограѓаните да го посетат салонот и со едноставно шишање да му помогнат на човекот кој речиси шест децении им служи на своите соседи.
Елијас вели дека неговата единствена желба е да продолжи да работи и да го прави она што го сака, наместо да остане дома.
Приказната не останала само на социјалните мрежи. Трогната од неговата судбина, градежната компанија „Рамуз Констракшн“ понудила бесплатно целосно реновирање на фризерскиот салон.
Реновирањето е во тек, а поддршката за Елијас продолжува да расте.
@tatianaa.antounEveryone loved him in the video I posted so let’s try and support him guys his location is posted on my page too


