Посебен сообраќаен режим во Дебар Маало до петок поради реконструкцијата на „Ленинова“
Преку овој проект конечно беше отстранета и калдрмата кај кружниот тек на крстосницата помеѓу „Ленинова“ и „Орце Николов“. Од Општината потенцираа дека кружниот тек како сообраќајно решение ќе продолжи да функционира бидејќи, како што велат, се покажало како ефективно во однос на намалување на бројот на сообраќајни незгоди.
Од денеска па сè до петок, во Дебар Маало се воведува посебен режим на сообраќајот поради градежните активности и реконструирањето на улицата „Ленинова“, информираше градоначалникот Горан Герасимовски.
Препорачано
-Поради продолжување на градежните активности за реконструкција на улицата „Ленинова“, Општина Центар ја информира јавноста дека од денеска до петок ќе биде воведен времен режим на сообраќај во дел од населбата Дебар Маало- изјави тој.
Паркинзи за станарите и велосипедски патеки на обновената Ленинова
Посебниот режим ќе ги опфати улиците на потегот од „8 Март“ до „Коста Веселинов“, во реонот на кружниот тек кај „Хемпро“, а коловозите ќе бидат затворени за сообраќај во период од 08:00 до 16:00 часот.
-Сообраќајот ќе се одвива по изменет режим, согласно поставената сообраќајна сигнализација. Општина Центар апелира до сите учесници во сообраќајот да ја следат привремената сигнализација и упатствата на надлежните служби, со цел реконструкцијата да се одвива безбедно и во предвидениот рок- апелираат од Општина Центар.
Се поставува втор слој асфалт, кружниот тек на „Орце Николов“ останува
Во однос на реконструкцијата на вториот дел од „Ленинова“, која започна во април, од Општината информираат дека проектот е речиси завршен и дека сега во тек е поставување на втор слој асфалт на потегот од булеварот „Партизански одреди“ до крстосницата со улицата „Илинден“.
ВИДЕО | Кружниот тек во Дебар Маало пропаѓа, Општината вели дека во март ќе има нов
Исто така, преку овој проект конечно беше отстранета и калдрмата кај кружниот тек на крстосницата помеѓу „Ленинова“ и „Орце Николов“, која во последниве неколку години беше нерамна и сериозно оштетена од големиот број возила кои очигледно не можеше да ги издржи. Од Општината потенцираа дека кружниот тек како сообраќајно решение ќе продолжи да функционира бидејќи, како што велат, се покажало како ефективно во однос на намалување на бројот на сообраќајни незгоди.
Од локалната самоуправа додадоа дека досега, на двете страни од „Ленинова“ се поставени нови пешачки патеки со вкупна должина од 825 метри, нови рабници, а биле подигнати и нивелирани сите сливници и улични шахти.
На „Ленинова“ ќе се исечат 25 дрвја, биле суви, заболени и небезбедни
Со овој градежен зафат ќе се асфалтира коловоз во должина од над 600 метри, на потегот од булевар „Партизански одреди“, преку „Илинден“, па потоа до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.


