Фото: Министерство за внатрешни работи на Црна Гора

Македонецот Танасковски е уапсен во Црна Гора — осомничен е за обид за убиство на мафијашот Кан

Црногорската полиција го уапси македонскиот државјанин Андреј Танасковски во Никшиќ, по кого се трагаше поради обидот за убиство на Марко Љубиша – Кан, член на Шкаљарскиот клан на балканскиот наркокартел, објавија црногорските медиуми повикувајќи се на повеќе извори од Управата за полиција на Црна Гора.

Според информациите, Танасковски бил уапсен во таен стан во населбата Видрован во градот Никшиќ, а со него е уапсен и 34-годишниот Нено Марковиќ од Никшиќ, за кого постои основано сомнение дека му помагал на осомничениот да се крие од органите на прогонот по извршувањето на кривичното дело.

Како што соопштија од полицијата, 19-годишниот Танасковски е осомничен дека на 7 август 2025 година, во комплексот на хотелот „Маестрал“ во Будва, се обидел да го ликвидира 56-годишниот Кан.

„За А.Т. беше распишана меѓународна потерница поради кривичното дело убиство во обид оти со огнено оружје испукал два куршума во правец на жртвата, при што М.Љ. се здобил со телесни повреди во пределот на главата. На осомничениот му се товарат и делата недозволено носење на оружје и фалсификување на исправа. Според сомнежите, А.Т. во текот на планирањето на нападот, користел лажна лична карта, со иницијали Ј.Г од Република Србија, со која бил регистриран во хотелски објект во близина на нападот“, велат од црногорската полиција.

Вишото државно обвинителство во Подгорица одреди притвор за Танасковски.

„Обвинетиот се товари дека на 7 август 2025 година, во Будва, се обидел да го убие оштетениот М.Љ.К., така што му се приближил одзади и употребил огнено оружје – пиштол, кое го држел и носел без дозвола на јавно место, испукувајќи неколку истрели во правец на оштетениот и нанесувајќи му тешки и животозагрозувачки телесни повреди во таа прилика. Покрај горенаведеното, обвинетиот се товари и за сторување на кривично дело фалсификување исправа“, соопшти Вишото државно обвинителство.

Осумнаесетгодишен Македонец осомничен за обид за убиство во Црна Гора

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот