Фото: EPA/EFE / Ѓорѓи Личовски

Апел до жителите на Ореовец и Леништа: Не користете вода од јавните чешми

Општина Прилеп ги предупреди жителите на селата Ореовец и Леништа дека водата од локалните јавни чешми не е здравствено исправна, откако лабораториските анализи покажале присуство на бактерии, поради што се препорачува посебна претпазливост.

Според соопштението, водата од локалниот водоснабдителен систем во Ореовец, односно од јавната чешма во центарот на селото, содржи „бактерии од цревно потекло и зголемен број бактериски колонии на 37 степени“. Поради тоа, водата не смее да се користи за пиење без претходно вриење во траење од најмалку 10 минути.

Во селото Леништа, пак, анализите на водата од јавната чешма во центарот на селото покажале присуство на цревни бактерии, како и зголемен број бактериски колонии на 22 и 37 степени. За оваа вода надлежните препорачуваат воопшто да не се користи за пиење.

Од Општина Прилеп посочуваат дека за двата водоснабдителни објекта е неопходно да се обезбеди соодветно техничко решение кое ќе овозможи редовна дезинфекција на водата, со цел таа повторно да биде безбедна за употреба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот