ВИДЕО | Здравко Чолиќ ја полеа публиката со вода, а потоа го шутна шишето кон обожавателите — видеото предизвика хаос
Легендарниот пејач Здравко Чолиќ на 25 јули одржал голем концерт во Требиње, каде што извел тричасовен музички спектакл пред околу 15.000 луѓе, а еден од неговите потези во текот на настапот особено го привлече вниманието на публиката.
Препорачано
На концертот пристигнале обожаватели од Требиње, како и од бројни градови во Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Хрватска, за заедно да ги отпеат најголемите хитови на еден од најпопуларните пејачи од овие простори.
Во текот на вечерта се нижеле песните што ја одбележаа богатата кариера на Чолиќ, а публиката наглас заедно со него го пеела секој стих, потврдувајќи дека неговите песни сè уште имаат посебно место меѓу сите генерации.
Сепак, еден момент од сцената се издвоил од останатите. Чолиќ среде концертот отворил мало шише со вода, а потоа ја испрскал публиката во првите редови, што предизвика воодушевување кај собраните обожаватели.
@ssatreb #zdravkocolic #Summer #friends #vine #trebinje ♬ original sound – Ssa Treb
Набрзо потоа, тој го шутнал празното шише кон публиката, а видеото од тој потег набрзо почна да се споделува на социјалните мрежи и предизвика лавина од коментари.


