Сузана Турунџиева / Фото: Скриншот/Јутјуб

ФОТО | Сузана Турунџиева емотивна десет години по смртта на сопругот Марјан: „Празнината остана…“

Водителката и музичарка Сузана Турунџиева се огласи со исклучително емотивна порака по повод годишнината од смртта на нејзиниот сопруг Марјан. Таа преку социјалните мрежи сподели фотографии и се потсети на него, истакнувајќи дека празнината што ја оставил зад себе не се полни, но спомените и љубовта остануваат вечни.

„Ова утро се навршуваат 10 години без тебе Марјане, во кои твоето отсуство го чувствуваме секој ден … Времето лета, децата пораснаа, добивме и внуци, но љубовта, спомените и трагата што ја остави во нашите срца, остана засекогаш . Многу ни недостасува твојата насмевка, хумор, твоите зборови и топлината што ни ја даваше. Болката со годините се менува, но никогаш не исчезнува. Научивме да живееме со празнината, но никогаш да не престанеме да те сакаме и да те спомнуваме. Ти благодариме за секој момент кој го споделивме, за секоја лекција и за љубовта што ни ја подари … Твојата љубов е наша сила.“

Во интервју за „Слободен печат“, осврнувајќи се на тешките периоди, предизвиците и изминатите години од нејзиниот живот, Сузана Турунџиева зборуваше за нејзината сила и борбеност.

„Ако го вратам наназад мојот живот уште малку порано, всушност ќе кажам дека НИКОГАШ НИШТО НЕ БЕШЕ ЛЕСНО И ЕДНОСТАВНО во мојот живот, како некој да ми го притиснал „копчето“ на најтешкото! Судбината често пати ми поделила „лоши карти“, но, јас научив и со тие лоши карти да одиграм разумно, добро, некогаш дури и многу добро! Така што, му благодарам на Бога за сите искушенија, предизвици и солзи кои ми ги даде, во спротивно не ќе бев ни свесна колкава ми е силата и способноста да издржам и да се исправам на нозе и после сите понори“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот