ФОТО | По разводот ужива во животот — Ана Ивановиќ воодушеви во розово бикини на Капри
Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ повторно воодушеви, овојпат со фотографии од летниот одмор на италијанскиот остров Капри.
Препорачано
Имено, 37-годишната Ивановиќ на Инстаграм сподели фотографии на кои позира на јахта во впечатливо розово бикини, а нејзината витка линија и летен изглед предизвикаа бројни позитивни реакции од следбениците.


Освен фотографиите, внимание привлече и друштвото со кое го поминува одморот. Со Ана е поранешната германска тенисерка Анжелик Кербер, со која очигледно останала блиска пријателка и по завршувањето на нивните професионални кариери.
Кербер се повлече од професионалниот тенис во 2024 година. Во својата кариера помина 34 недели на првото место на ВТА-листата и освои три гренд слем титули – Австралија опен и Ју-Ес опен во 2016 година, како и Вимблдон во 2018 година.


Двете поранешни тенисерки неодамна повторно излегоа на терен на егзибициски натпревар во германскиот Бад Хомбург, а по тој настан решија заедно да уживаат во заслужениот летен одмор на Капри.
ФОТО | Ана Ивановиќ незапирлива: Ги покажа извајаните нозе во мини фустан и во бикини


