Фото: Ракометна федерација на Македонија

Македонските ракометни надежи подготвени за Европското првенство во Србија

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија денеска отпатува за Белград, Србија, каде од 29 јули ќе настапи на Европското првенство.

Првиот меч избраниците на селекторот Горан Кузманоски ќе го имаат в среда од 12.00 часот против Словенија во спортскиот центар „Вождовац“.

Во истиот термин на 30 јули во рамките од групата А, нашата селекција ќе игра со Франција, а на 1 август против Шведска.

Првопласираните две репрезентации од сите групи на ЕП ќе се пласираат во главната фаза, додека селекциите на третата и четвртата позиција продолжуваат во разигрувањето за пласман.

Во групата Б играат Германија, домаќинот Србија, Италија и Турција, во групата Ц се репрезентациите на Португалија, Хрватска, Чешка и Израел.

Во групата Д Унгарија, Исланд, Швајцарија и Црна Гора, во групата Е Данска, Норвешка, Словачка и Полска и во групата Ф се Шпанија, Фарски Острови, Австрија и Финска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот