Чуквуезе/EPA/ADAM VAUGHAN

Обложувалници веќе нема да можат да бидат главни спонзори на дресовите во Премиер лигата

Од новата сезона во Премиер лигата официјално стапува на сила забраната за истакнување логоа на обложувалници на предната страна од дресовите на сите клубови.

За првпат по многу години, ниту еден од 20-те премиерлигаши нема да настапува со главен спонзор од индустријата на спортското обложување на своите дресови.

Оваа одлука претставува една од најголемите промени во комерцијалното работење на англискиот фудбал во последниот период. Колку големо влијание имаа обложувалниците во Премиер лигата покажува податокот дека во сезоната 2025/26 дури 11 од 20 клубови на предниот дел од дресовите имаа компанија за спортско обложување како главен спонзор.

Со новото правило, овој вид соработка целосно се укинува, со што завршува ерата на доминација на обложувалничките компании на дресовите на клубовите од најсилната англиска фудбалска лига.

Пирло демантира: Соработката со рускиот бренд не беше политичка

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот