ФОТО | Стоилов означи старт на мисијата со Бутел
Ракометниот клуб Бутел и официјално ги започна подготовките за новата сезона, а првата прозивка и тренинг ги предводеше новиот тренер Стојанче Стоилов, кој ова лето ја презеде екипата.
Препорачано
Скопскиот состав во наредниот период ќе одигра неколку контролни натпревари како дел од подготовките. Бутел најпрво ќе настапи на традиционалниот турнир во Струга, кој ќе се одржи од 12 до 15 август, а потоа ќе биде дел и од турнирот во Прилеп, закажан од 20 до 23 август, каде што ќе има можност да ги одмери силите со квалитетни противници.
Официјалниот старт на новата сезона за Бутел е предвиден за 5 или 6 септември, кога во првото коло ќе се соочи со Младост Богданци.
Во пресрет на новата натпреварувачка година, клубот значително го засили играчкиот кадар. Нови имиња во тимот се голманите Богдановски и Чаневски, левите крила Аврамовски и Симоновски, како и бековите Ѓорѓески, Аксентиев и Стаменковиќ.
Покрај новите засилувања, раководството на Бутел ја задржа и основата на тимот, откако нови договори потпишаа Каевски, Јаневски, Зенговски, Спасовски, Михајловиќ и Тодески.
РФМ го промени форматот за Суперлигата, а за Првата лига донесе одлука да нема странци


