Лионел Меси/Inter Miami CF

Меси и оваа година нема да игра на натпреварот за најдобрите во САД, но сега нема да биде суспендиран

Лионел Меси и оваа година нема да настапи на ол-стар натпреварот во МЛС, што ќе биде третпат по ред да го пропушти ревијалниот спектакл. За разлика од минатата сезона, аргентинската ѕвезда нема да биде санкционирана поради отсуството.

Од МЛС соопштија дека пред почетокот на сезоната 2026 бил постигнат договор со Здружението на играчи, според кој фудбалерите што настапуваа на Светското првенство ќе добијат индивидуален план за одмор и постепено враќање во клупските обврски.

Во рамки на тој договор, Меси и неговиот сонародник Родриго де Пол се ослободени од настап на 0л-стар натпреварот, бидејќи неодамна играа во финалето на Светското првенство, во кое Аргентина по продолженија загуби од Шпанија со 1:0.

Минатата година Меси го пропушти истиот настан без одобрение и поради тоа беше суспендиран на еден натпревар, но овојпат неговото отсуство е официјално одобрено од лигата.

Ревијалниот натпревар на ѕвездите во МЛС ќе се одигра на 30 јули во Шарлот.

Готово е: Пирло поради руската обложувалница нема да биде селектор, сега може да си заминат и Малдини и Леонардо

ВИДЕО | Винчиќ се расплака кога дозна дека ќе го суди финалето на Мундијалот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот