Дани Велбек/Brighton & Hove Albion FC

Неочекуван потег на Челси: поранешен напаѓач на Манчестер јунајтед е мета на „сините“

Челси започнал преговори со Брајтон за трансфер на искусниот напаѓач Дени Велбек, пренесува „The Sun“.

Новиот менаџер на „сините“, Чаби Алонсо, сака да внесе повеќе искуство во својот тим, а се одлучил токму за 35-годишниот англиски напаѓач.

Велбек имаше одлична сезона во дресот на Брајтон, постигна 13 голови на 37 натпревари во сите конкуренции, а со своите настапи потсети на неговите најдобри денови кога го носеше дресот на Манчестер јунајтед, па дури и се доближи и до враќање во англиската репрезентација.

Иако Челси веќе располага со неколку напаѓачи, Алонсо смета дека на тимот му недостигаат искусни фудбалери кои ќе донесат лидерство и победнички менталитет.


Во моментов на претсезонската турнеја низ Австралија и Азија повикани се Лијам Делап, Жоао Педро и Марк Гиу, додека Николас Џексон треба да му се приклучи на тимот во Хонг Конг по завршувањето на одморот.

Сепак, иднината на Џексон останува неизвесна. Астон Вила покажува сериозен интерес за сенегалскиот напаѓач, а Челси наводно бара околу 65 милиони фунти за неговите услуги.

Во меѓувреме, клубот летово го ангажираше и Емануел Емега од сестринскиот клуб Стразбур, но тоа не ја намали желбата на Алонсо да донесе уште еден напаѓач.

Според извештаите, шпанскиот стратег инсистира на поголемо искуство во соблекувалната, нешто што се виде и со неодамнешниот, но неуспешен обид да го ангажира Гранит Џака од Сандерленд, фудбалер со кого соработуваше при освојувањето на титулата во Германија.

Доколку преговорите со Брајтон завршат успешно, Велбек би можел повторно да заигра за клуб од „големата шесторка“ и би претставувал едно од најизненадувачките засилувања на летниот преоден рок.

ФОТО | Вардар тренираше во Рига, каде што утре оди по победа за продолжување на европскиот пат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот