Почина Кеиго Хигашино, најпознатиот и најпродаван јапонски писател на криминалистички романи
Јапонскиот писател Кеиго Хигашино, познат по криминалистичките романи и добитник на бројни книжевни награди, почина на 68-годишна возраст, објави во понеделникот издавачката куќа „Коданша“.
Препорачано
Хигашино, во текот на својата кариера, напишал повеќе од 160 дела, наведува „Коданша“, додавајќи дека неговите книги се објавени во повеќе од 40 земји.
Неговите дела се продадени во повеќе од 100 милиони примероци во Јапонија.
Повеќе од 20 негови дела доживеале и филмски адаптации.
View this post on Instagram
„Приказните што ги пишуваше несомнено ќе продолжат да привлекуваат безброј читатели“, наведува „Коданша“ во соопштението, додавајќи дека Кеиго Хигашино починал ноќта помеѓу 22 и 23 јули од рак на дебелото црево и бил погребан опкружен со неговото семејство.
Овој дипломиран електротехничар, во 1985 година ја добил престижната награда „Едогава Рампо“ за неговиот роман „По училиште“, а во 2010 година во Франција беше награден на меѓународниот фестивал за неговиот роман „Куќата во која некогаш умрев“.
Кеиго Хигашино беше еден од најпознатите автори на јапонска криминалистичка фантастика, а жанрот често се поврзува со мешавина од мистерија, истрага и психолошка мотивација на ликовите.
„Коданша“ е една од водечките издавачки куќи во Јапонија, позната по широкиот спектар на популарни и литературни продукции.

Хигашино е роден во префектурата Осака на 4 февруари 1958 година. Дипломирал на Универзитетот во Осака.
Дебитираше на 27-годишна возраст со „Хокаго“ или „По училиште“ во 1985 година, кога работел како инженер.
Хигашино беше плоден писател на фикција, првенствено мистерии. Неговата серија „Детектив Галилео“, првпат објавена во 1998 година, прикажува генијален физичар кој ја користи својата експертиза за решавање случаи. „Посветеноста на осомничениот Икс“ во серијата му ја донесе на писателот престижната награда „Наоки“ во 2006 година.
View this post on Instagram
Хигашино беше познат по своите пресврти во заплетот и длабинските портрети на човечките ликови.
Негови бестселери беа „Патување под полноќното сонце“, исто така објавен како „Под полноќното сонце“, серијата „Детектив Кага“ и серијата „Маскарада“.
Според издавачите на Хигашино, тој е автор на вкупно 106 дела, вклучувајќи го и неговото најново, кое треба да излезе на 5 август.
View this post on Instagram


