МРК Куманово ги започна подготовките за новата сезона со шест засилувања
Во спортската сала во Куманово, МРК Куманово денеска и официјално ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона под водство на шефот на стручниот штаб Саша Радосављевиќ.
Препорачано
Со првиот тренинг беше означен почетокот на новиот циклус, во кој клубот ќе влезе со амбиции за уште подобри резултати од мината сезона.
Раководството на клубот во пресрет на новата сезона го засили играчкиот кадар со шест нови ракометари.
Нови членови на МРК Куманово се Филип Мечкаровски од Струга, Марко Трајковски од Пролет, Матеј Новаковски од Бутел, Бојан Гичевски од Пелистер 2, Хамза Мамадох Ибрахим од Египет и Наум Костов од Струга.
Во текот на подготвителниот период стручниот штаб предвидува интензивна работа на физичката и тактичката подготовка на екипата, а планирани се и неколку пријателски натпревари преку кои тимот ќе ја темпира формата и ќе го воигрува составот пред почетокот на новата сезона.
Во клубот владее позитивна атмосфера и оптимизам дека со квалитетната работа и новите засилувања, МРК Куманово ќе биде конкурентен и подготвен да одговори на предизвиците што ги носи новата сезона.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


