Сантијаго Кастро за 35 милиони евра ќе стане новиот напаѓач на Рома
Според експертот за фудбалски трансфери Фабрицио Романо, Сантијаго Кастро ќе стане новиот напаѓач на Рома.
Препорачано
21-годишниот Аргентинец го привлече вниманието кон себе со добрите настапи во Болоња во последните неколку сезони и е подготвен за нов чекор во кариерата, а неговиот потенцијал го препозна Рома.
Фактот дека ќе платат дури 35 милиони евра за талентираниот напаѓач и Џанпјеро Гасперини конечно ќе го добие долгоочекуваното засилување во нападот зборува сам за себе колку „волчицата“ верува во поранешниот играч на Велез.
Исто така, Артем Довбик, кој не беше во плановите на италијанскиот специјалист, ќе оди во спротивна насока и ќе ѝ биде позајмен на Болоња за сезоната 2026/27.
Од 2024 година Кастро за Болоња во 79 настапи запиша 16 голови, а претходно за Велез Сарсфилд имаше 61 настап и осум погодоци.
За потсетување, Рома се враќа во Лигата на шампионите по осумгодишно отсуство и е во потрага по засилувања за да може да биде конкурентен во натпреварувањата оваа сезона.
🚨🟡🔴 AS Roma agree deal to sign Santiago Castro as new striker, here we go!
Deal done for package fee worth €35m, as @CLMerlo reports — agreement in place between all parties.
Castro, scheduled for medical at Roma in the upcoming days. 🇦🇷 pic.twitter.com/YNlLvwkbbD
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 27, 2026


