Стар, но најдобар рецепт за џем од кајсии

Фото: Профимедиа

Започна сезоната на кајсии. Вистинските домаќинки ја искористија можноста и веќе наголемо готват џем од вкусното портокалово овошје. Идеален е за правење колачи, а и најдобрите кифлички се прават токму со џем од кајсии.

Најдовме рецепт за џем од кајсии и тоа без конзерванси.

Потребни состојки:

– 5 кг кајсии, здрави, измиени и исчистени од семките (лушпата не се отстранува)
– 2 кг шеќер (максимум)

Подготовка:

Кајсиите исечете ги на половина и наредете ги во тенџере. Потоа, тенџерето ставете го на рингла, поклопете го и варете ги кајсиите до 15 минути на висока температура. Одвреме-навреме кревајте го капакот и мешајте ги за да не загорат.

Никаква течност не треба да се додава, бидејќи кајсиите веднаш ќе пуштат сок и во него ќе се варат.

По 15 минути, намалете ја температурата, а потоа варете ги кајсиите следниот час. За сето ова време, мора да водите сметка да не загорат.

По еден час додајте шеќер, па сè заедно варете уште 20 минути. Тргнете ги од оган по 20 минути, а потоа сипете во благо загреани тегли.

Затворете ги теглите и оставете го џемот да се излади. Чувајте ги на темно и суво место!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот