Сметка, бакшиш/Илустрација/Фото: Профимедиа

ФОТО | Келнерка во Црна Гора се налутила поради бакшишот од пет центи, настана хаос во коментарите

Дебатата за тоа дали треба да се остави бакшиш секое лето повторно се разгорува. Со доаѓањето на туристичката сезона, социјалните мрежи се полни со приказни за бакшиши, а една објава од Црна Гора последниве денови предизвика илјадници коментари.

Сè започнало со објава на инстаграм-профилот на Подгорички времеплов (Podgorički vremeplov). Келнерка од еден ресторан во Тиват се пожалила дека двајца странски гости, по сметката од 26,70 евра, ѝ оставиле бакшиш од само пет центи. Нејзината објава набрзо се прошири низ социјалните мрежи и регионалните портали и го отвори старото прашање – дали бакшишот е прашање на пристојност или исклучиво добра волја на гостинот?

„Бев навистина шокирана“

Келнерката во објавата опишала што се случило и признала дека симболичниот бакшиш ја изненадил.

„Работам во ресторан како келнерка. Двајца странци седнаа на масата, јадеа и пиеја, а кога дојде време за плаќање, им го вратив остатокот од парите. Откако си заминаа, се приближив до масата и видов дека ми оставиле бакшиш од само пет центи. Бев навистина шокирана“, напиша таа.

 

Иако очекувала поддршка, реакциите на интернет отишле во сосема поинаква насока.

Многумина немале разбирање

Повеќето коментатори порачале дека бакшишот не е обврска и дека гостинот не е должен да остави ниту цент.

„Зошто се жалат келнерите… Јас работам во кујна и ниту еден келнер никогаш не ми дал ниту две евра од бакшишот. Тие обично го добиваат преку нашиот грб, а кујната не добива ништо. Да добиеше пет евра, сигурно немаше да се жали. На крајот на краиштата, никој не е должен да остави бакшиш никому, ниту пак, некаде пишува дека мора“, напишал еден корисник.

Слично мислење имал и друг коментатор.

„Не знам од каде ви е идејата дека гостинот е должен да ви остави бакшиш. Всушност, вам не треба да ви ги остават ниту тие пет центи“, порачал тој.

Некои отишле и чекор подалеку, па заклучиле дека келнерите имаат нереални очекувања.

„Работиш за плата, а бакшишот е прашање на добра волја. Ако не ги сакаш, фрли ги, но потоа фрли ги и десетте евра кога некој ќе ти ги остави“, напишал еден корисник.

Друг коментатор бил уште поостар: „Најдобро би било сите да ви остават по 100 евра. Веројатно сте докторирале и спасувате животи, па очекувате и бакшиш.“

Приказната потсети многумина на случајот со Ултра

Дискусијата потсети многумина на неодамнешниот случај од Хрватска за време на фестивалот Ултра Европа.

Еден гостин во ВИП делот нарачал вкупно 45 шишиња „Дом Перињон Луминус“ во текот на две вечери – 25 првата вечер, а уште 20 втората. Сметката изнесувала повеќе од 40.000 евра, но според тврдењата на луѓето што работеле таму, тој не им оставил ниту цент бакшиш на келнерите.

Со други зборови, за разлика од келнерката од Тиват, која добила симболични пет центи, келнерите во Ултра не добиле ниту толку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот