ФОТО | Сопругата на Тарик Филиповиќ во прегратка на Здравко Чолиќ: Галантниот Чола ја бакнува во образ
Поранешната Мис Хрватска и сопруга на актерот и водител Тарик Филиповиќ, Лејла Филиповиќ, повторно ги воодушеви своите следбеници со објава на Инстаграм. Во опуштена атмосфера на еден хотел во Загреб, таа се сретнала со регионалната музичка легенда Здравко Чолиќ, а моментот што го забележале особено ги разнежнил нејзините обожаватели – Чола галантно ја бакнал во образ.
Препорачано

„Постојат луѓе кои обележуваат генерации со својот глас и песни, но уште поубаво е кога зад таква кариера стои толку едноставен, срдечен и топол човек. Еден и единствен… Здравко Чолиќ“, се пофалила Лејла Филиповиќ со средбата со пејачката легенда.
Лејла со сопругот Тарик била на прослава на една хрватска компанија во Загреб, каде што тој бил водител, а на тој настан Здравко Чолиќ настапил.

Пред Лејла, фотографија со Чолиќ објавил и Тарик.
„Си ја исполнив желбата да го најавам Чола со реченицата што толку многу пати ја изгоровив… Никогаш нема да бидам Чола, но затоа имам бел костум. И да, му го простив оној стих „каде би одел со тебе освен во театар…“ (kud bi s tobom osim u teatar)“, ја опишал Филиповиќ својата објава.
Лејла и Тарик долго време се сметаат за еден од најхармоничните парови на хрватската сцена, а своите семејни моменти со задоволство ги споделуваат на социјалните мрежи. Тие се во брак многу години и заедно ги одгледуваат своите синови Арман и Дино, но и покрај популарноста, својата приватност најчесто ја чуваат за себе, само повремено откривајќи делови од секојдневието, патувањата или дружењето со други познати личности.


