Фото: Монтажа / Икс

ВИДЕО | Пожар во метро во Барселона: патници се гушеа од чадот, над 130 се повредени

Пожар вчера избувна во метро во Барселона, при што повеќе од 130 луѓе биле повредени, а две станици биле итно евакуирани, објави „Окдиарио“.

Службата за итна медицинска помош (СЕМ) соопшти дека вкупно 139 луѓе добиле медицинска помош. Од нив, 129 имале полесни повреди, а седум биле во посериозна, но стабилна состојба.

Иако бројот на повредени бил голем, од СЕМ нагласија дека никој не бил во животна опасност.

Сепак, поради ситуацијата биле ангажирани 24 амбулантни возила за да им помогнат на патниците по пожарот.

Од повредените, 39 луѓе биле пренесени во болници и во центри за итна медицинска помош во Барселона.

Шест пациенти биле однесени во болницата „Сант Пау“, пет во „Саграт Кор“, а четворица во болницата „Дел Мар“.

Останатите биле згрижени во различни центри за итна помош низ градот.

Пожарот избувнал на дел од надземната електрична мрежа меѓу станиците „Глориес“ и „Клот“, по што веднаш бил прекинат сообраќајот на линијата 1 меѓу станиците „Каталуња“ и „Ла Сагрера“.

Поради прекинот бил нарушен сообраќајот на една од најфреквентните делници на метрото, што погодило илјадници патници.

Компанијата за јавен превоз во Барселона (TMB) подоцна изјави дека проверките завршиле и дека ги отстраниле последиците од пожарот, а метрото повторно било отворено.

ВИДЕО | Шпанија прогласи вонредна состојба — пожарите го заробија Мадрид, евакуирани се илјадници луѓе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот