Горива бензин дизел
Илустрација: Точење гориво на бензинска станица / Фото: EPA-EFE/CONSTANTIN ZINN

Следната недела поголемо намалување на цените на горивата, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната недела да има поголемо намалување на цените на дизелот и бензините, по последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) со која малопродажните цени на нафтените деривати беа зголемени во просек за 4,55 проценти.

Одговарајќи на новинарски прашања за поскапувањето на горивата и можноста за намалување на акцизите или ДДВ-то, Мицкоски посочи дека акцизите се анализираат на секои две недели, а новата пресметка ќе биде направена по завршувањето на периодот до 31 јули.

-На секои две недели се анализираат акцизите. Во понеделник ќе направиме просек за овој период и врз основа на тие параметри ќе се делува врз цената на нафтените деривати. Добро е што веќе два дена по ред цената паѓа. Денеска се стабилизира околу 85-86 долари за барел, така што следната недела очекувам поголемо намалување на цената на дизелот и бензините- изјави Мицкоски.

Премиерот нагласи дека нафтените деривати се берзански производ и дека сите држави набавуваат од истиот пазар. Според него, Македонија во моментов има најниски цени на дизелот и безоловниот бензин во регионот, а меѓу најниските и во Европа. Последната одлука на РКЕ предвидува максималната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 да изнесува 93 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 да се продава по 95 денари за литар.

Од Регулаторната комисија за енергетика образложија дека корекцијата е направена поради растот на референтните цени на светските пазари. Сепак, посочија дека утврдените цени се максимални, што значи дека трговците можат да продаваат горива и по пониски цени.

Од полноќ поскапуваат сите горива, дизелот оди накај 100 денари за литар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот