Туристи во Охрид / Фото: Сител / скриншот

Бројот на странските гости е зголемен за 40 проценти, Македонија прва по раст на туризмот во Европа, тврди Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека владините мерки за развој и промоција на туризмот почнуваат да даваат резултати, посочувајќи на значителен раст на бројот на странски туристи во земјава. Одговарајќи на новинарски прашања за туристичката сезона, Мицкоски рече дека има голем пораст на доаѓањата преку македонските аеродроми, како и зголемување на бројот на странски гости и ноќевања.

Според него, во последниот извештај „Tourism Watch“ на Светска банка, објавен во јуни 2026 година, Македонија е рангирана како прва земја во Европа според растот на странските туристички доаѓања.

-Имаме раст од 40 проценти во споредба со минатата година, што за нас е големо признание. Туризмот има значајно учество во БДП и очекувам овие резултати да се одразат и во економските показатели за вториот квартал – изјави Мицкоски.

Тој оцени дека зголемениот интерес од странските посетители е показател дека мерките за привлекување туристи имаат позитивен ефект врз туристичкиот сектор и целокупната економија.

Шпанија е светска престолнина на туризмот со рекордни 10 милиони туристи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот