Русија му помага на Иран во нападите врз американски цели, тврди Зеленски — Трамп рече „ќе го прашам Путин“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека му помага на Иран со разузнавачки информации и дека му обезбедува сателитски снимки од американските воени бази во Блискиот Исток, пренесува „Милитарни“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според Зеленски, украинското разузнавање веќе ги документирало релевантните докази и ќе ги сподели информациите со меѓународните партнери на Украина.
Тој рече дека само на 19 и 20 јули руските сателити снимиле четири воздухопловни бази – две во Бахреин, една во Јордан и една во Кувајт.
Според него, целта на извидувањето е да се обезбедат разузнавачки информации за Иран.
„Ќе им наложам на нашите разузнавачки служби да им ги споделат на партнерите информациите што ги имаме за последната помош на Русија за иранскиот режим“, изјави Зеленски.
Од почетокот на јули, Украина следи засилено руско сателитско набљудување на териториите на земјите од Заливот и на американските воени бази во регионот.
Зеленски го номинираше извршниот директор на „Нафтогас“ за иден премиер на Украина
Зеленски истакна дека постои јасна поврзаност меѓу руското сателитско извидување и иранските воени напади – и пред нападите, кога се собираат разузнавачки податоци, и потоа, кога Техеран ја проценува причинетата штета.
Еден од нападите се случи на 17 јули, кога Иран бомбардираше американска воена база во Јордан, при што загинаа двајца американски војници. Трет војник и натаму се води како исчезнат.
Американското разузнавање сега истражува дали Русија му обезбедила на Иран разузнавачки информации или друга помош за време на нападите со дронови врз објекти на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) во регионот на Заливот.
Истрагата ги опфаќа и самите сателитски снимки, кои предизвикаа внимание поради високата прецизност на иранските напади и сомнежите за координација со други земји, како и наводниот трансфер на навигациски приемници „Комета“ до Иран.
Овие приемници се отпорни на електронско попречување и, според наводите, биле вградени во дронови „Шахед-136“.
Од почетокот на непријателствата, иранските сили таргетираа клучни американски објекти во најмалку осум земји во регионот: Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Катар, Кувајт, Ирак, Јордан, Бахреин и Оман.
Техеран ги таргетираше и американските воени бази и заедничките воени објекти како одговор на американско-израелските напади.
Реакција од Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека лично ќе го праша претседателот на Русија, Владимир Путин, дали Русија навистина му помага на Иран.
„Ќе дознаеме дали тоа е точно. Ќе го прашам Путин за тоа. Ќе дознаеме“, изјави Трамп.
Тој додаде дека ваквата помош од Москва „немала големо влијание“, бидејќи САД „жестоко го нападнале“ Иран.
Трамп по средбата со Зеленски: Русија мора да постигне мировен договор


