Фото: Принтскрин / Икс/@CourtHeelsCP24

ВИДЕО | Напаѓачи пукаа врз американскиот конзулат во Торонто во втор напад годинава

Непознати напаѓачи вчераутро пукале врз американскиот конзулат во центарот на Торонто, а полицијата трага по бел седан кој избегал од местото со голема брзина, објави „Си-би-си“.

Ова е втор вооружен напад врз конзулатот годинава.

Полицаец, кој бил распореден во близина на зградата како дел од редовните патроли воведени по претходното пукање во март, слушнал истрели околу 4:45 часот по локално време, соопшти полицијата.

Според заменик-началникот на полицијата, Френк Баредо, полицаецот веднаш забележал бел автомобил „хонда акорд“ без регистарски таблички како со голема брзина го напушта местото на настанот.

Полицијата накратко го следела возилото на автопатот „Дон Вали“, но ја прекинала потерата поради безбедносни причини, бидејќи автомобилот се движел со брзина поголема од 140 километри на час.

Полицијата соопшти дека засега не е познато колку луѓе имало во возилото и дека е прерано да се зборува за мотивот на нападот.

„Кон овој случај ќе пристапиме со најголема сериозност“, рече Баредо, оценувајќи го нападот како „дрзок“ и „срамен“.

Полицијата пронашла една чаура во близина на американскиот конзулат, а на фасадата на зградата биле забележани оштетувања.

Портпарол на Амбасадата на САД соопшти дека нема повредени и ѝ се заблагодари на полицијата во Торонто за брзата реакција.

Подрачјето околу конзулатот било оградено со полициска лента, а дел од авенијата „Јуниверзити“ бил затворен за сообраќај.

Сличен инцидент се случи пред четири месеци, кога напаѓачи пукаа кон истата зграда на 10 март.

И тогаш немаше повредени, но Кралската канадска коњичка полиција го оцени случајот како „инцидент што ја засега националната безбедност“.

Подоцна беа уапсени тројца осомничени во врска со тој напад, како дел од поширока истрага за серија вооружени напади во градот, за кои полицијата се сомнева дека млади луѓе биле ангажирани и платени да извршуваат кривични дела со огнено оружје.

Иран: Наскоро ќе употребиме досега невидено оружје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот