Струја / Фото: МИА

Иран влезе во секторот за геотермална енергија: првата електрана почна да снабдува со електрична енергија

Нова геотермална електрана почна да снабдува електрична енергија на националната електроенергетска мрежа на Иран, официјално влегувајќи во секторот за геотермална енергија на земјата. Првата геотермална електрана во Иран, со производствен капацитет од пет мегавати (MW), е поврзана со националната електроенергетска мрежа, објави министерот за енергетика Абас Алиабади.

Тој изјави дека пуштањето во употреба на проектот вреден 10 милиони евра во градот Мешгиншахр, во покраината Ардабил, му овозможи на Иран да стекне знаење и експертиза потребни за истражување, дизајн, изградба и користење на геотермални ресурси. Тој додаде дека проектот се потпира на потврден геотермален резервоар чиј потенцијал се проценува на до 250 MW. За потребите на истражување и експлоатација на резервоарот, се дупчат неколку бунари до длабочина од приближно 3.000 метри.

Алијабади истакна дека првата фаза од електраната во Мешгиншахр произведува пет MW електрична енергија, додека се работи на зголемување на тој капацитет, проширување на истражувањата за геотермалниот резервоар во регионот и развој на геотермални електрани во други делови на Иран.

-Целите на започнувањето на овој проект вклучуваат проширување на употребата на обновлива геотермална енергија за производство на електрична енергија, стекнување на технологијата и експертизата потребни за искористување на геотермалните ресурси, развивање на домашни технички капацитети за одржливо управување со геотермалните резервоари и намалување на зависноста од фосилни горива- рече Алијабади.

Новите соларни и ветерни централи ќе мора да имаат батерии, казните до 10 отсто од приходот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот