Плажата Бачвице / фото: Tomek0873 / Tripadvisor

Млад норвешки морнар силувал уште помлада Иркинка во Хрватска, сега е во притвор

Суд во хрватскиот град Сплит му одреди притвор на 21-годишен Норвежанец, морнар, за кого полицијата се сомнева дека силувал 19-годишна девојка од Ирска. Според хрватското обвинителство, инцидентот се случил на 19 јули, пренесува „Јутарњи лист“.

Полицискиот извештај вели дека двајцата се запознале во ноќен клуб во Сплит околу еден часот по полноќ. Откако испиле по една пијачка, тие со такси се упатиле кон плажата Бачвице, а потоа влегле во морето, на што девојката се согласила.

Истрагата наведува дека додека девојката пливала, Норвежанецот неколку пати допливал до неа, ја зграпчувал и ја влечел кон себе. И покрај нејзиното силно противење и барање да престане, тој насила ја совладал и ја силувал во морето. Девојката потоа успеала да се ослободи, излегла на брегот, се облекла и го напуштила местото.

Истрагата за случајот продолжува со собирање дополнителни докази. Осомничениот се смета за невин сè додека неговата вина не се докаже со правосилна судска пресуда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот