Фото: KF Shkëndija

Слободен влез за натпреварот Шкендија – НК Браво во Конференциската лига

ФК Шкендија ги поканува сите навивачи и љубители на фудбалот да ги наполнат трибините на стадионот во Скопје, влезот за реванш натпреварот од второто квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА против НК Браво од Словенија ќе биде бесплатен за сите навивачи.

Во четврток, тетовските „црвено-црни“ веруваат дека публиката на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје ќе биде дополнителна сила за тимот во борбата за пласман во третото коло на Конференциската лига на УЕФА.

Натпреварот Шкендија – НК Браво ќе се играч во четврток (30 јули), со почеток од 20.00 часот, на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје.

Потсетување, на првиот меч словенечката екипа на НК Браво триумфираше со 2:1.

Победникот од овој двомеч во третото квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА ќе игра со подобриот од пресметката меѓу Малишева (Косово) и Хибернијан (Шкотска) каде по првите 90 минути косовскиот претставник има предност од 2:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот