ФОТО+ВИДЕО | Сите погледи кон Тамара Калиниќ: Најпознатата српска инфлуенсерка зачекори на црвениот тепих во Кан

Фото: Profimedia

Најпознатата српска инфлуенсерка Тамара Калиниќ се појави на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, а со својот изглед го привлече вниманието на сите присутни.

Убавата Србинка се појави на премиерата на филмот „Хоризонт: американска сага“ („Horizon: An American Saga“)  во блескаво црвен фустан со шлиц, а комбинацијата ја комплетираше со златни сандали и златно ланче и обетки.

Фото: Инстаграм/Тамара Калиниќ
Фото: Инстаграм/Тамара Калиниќ

Да потсетиме, Калиниќ се најде на листата на топ 10 инфлуенсери во 2021 година, а во 2019 година се најде и на листата на 100 најуспешни инфлуенсери во Велика Британија, објавена од списанието „Сандеј тајмс“.

Таа има 1,7 милиони следбеници на Инстаграм, со кои сподели фотографии од своето издание од годинашното издание на овој престижен филмски фестивал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот