Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Во понеделник ќе нема струја во повеќе делови од Скопје, најдолгиот прекин ќе трае пет часа

Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Кисела Вода и Карпош, како и населбата Кадино.

Според најавата, од 08:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Банско“ во општина Кисела Вода.

Од 09:00 до 11:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија е планиран за дел од улицата „10“ во Кадино.

Во истиот термин, од 09:00 до 11:00 часот, без струја ќе останат и Природонаучниот музеј и објектот „Тобако“ во близина на Зоолошката градина во општина Карпош.

Од надлежните апелираат граѓаните и правните лица навреме да ги планираат своите активности согласно најавените прекини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот