Шефот на НАТО им порача на младите Руси: Ќе загинете ако се приклучите во војната

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска ги предупреди младите Руси дека најверојатно ќе загинат доколку се приклучат на руската војна во Украина, пренесува „Ројтерс“.

„Мажите како вас кои ќе се приклучат на борбите нема да бидат соодветно обучени. Опремата што ќе ја добиете е под стандардите. Постои многу голема веројатност да загинете или да бидете ранети“, изјави Руте на прес-конференција во Киев, обраќајќи им се директно на младите Руси и на нивните семејства.

Тој додаде дека постои голема веројатност ранетите војници да останат без соодветна помош и да ги трпат последиците од повредите.

Руте истакна дека Русија претрпува „апсолутно запрепастувачки“ загуби во Украина и повтори дека, според податоците што претходно ги изнесувал, секој месец загинуваат повеќе од 30.000 руски војници.

 

Руте го претстави „НАТО 3.0“ и ја нарече Русија „најдиректна закана“ за Алијансата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот